
По подолг временски период, платформата www.cenometar.mk повторно располага со ажурирани податоци за цените на најкористените прехранбени производи во македонските маркети. Сите поголеми синџири на маркети доставија актуелни информации за цените на производите кои секојдневно се купуваат од страна на граѓаните.
Со помош на табелите за споредба на Ценометар.мк, потрошувачите сега можат лесно и транспарентно да направат увид во тоа каде ќе добијат најголема вредност за својот буџет. Разликите во цените на некои производи достигнуваат и до неколку стотици денари месечно при редовна набавка, што значи дека со информирана одлука преку Ценометар.мк, граѓаните можат значително да заштедат.
Целта на платформата останува јасна – заштита на потрошувачите преку транспарентност на пазарот и лесна достапност на податоци за цените на прехранбените артикли.
Ве повикуваме редовно да ја користите веб-платформата www.cenometar.mk и да направите информиран избор при вашите купувања.