Skip to main content

Во струмичкиот театар почнаа пробите за претставата „Синот“ од Флоријан Зелер

Фејсбук профил на Театар „Антон Панов“ Струмица

Во вторникпт, на 15 април, во струмичкиот театар „Антон Панов“ започнаа пробите за новата театарска претстава „Синот“, по текстот на еден од најпрепознатливите и најактуелните драмски писатели на денешницата – Флоријан Зелер.

Режијата е на Благој Мицевски, а во претставата улогите ќе ги толкуваат: Кољо Черкезов, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова. Михаил Велков и Ванчо Василев.

Претставата е дел од Годишната програма и се реализира со материјална поддршка од Министерството за култура и туризам.

Поврзани вести