Skip to main content

14-годишник со мопед покоси жена на пешачки во Охрид

Плусинфо

Жената која беше видена како лежи неподвижна во центарот на Охрид во понеделникот, 14 април, се здобила со повреди од удар со мопед кој го управувал 14-годишник, информираше охридската полиција.

Според новите детали 58-годишна Н.Р. возела велосипед кога била удрена од мопед на крстосницата на булеварот Туристичка со улицата Даме Груев. Несреќата се случила на самиот пешачки премин.

Со повреди завршил и 14-годишникот.

Двајцата се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и Општата болница во Охрид. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи“, се вели во полицискиот билтен.

Фото: Плусинфо

Поврзани вести