Skip to main content

Со банани и млака вода ќе бидете подготвени за на плажа за 12 дена

Freepik

Јапонските фармацевти Сумико и Хитоши Ватанабе ja препорачуваат оваа диета со банани, којашто се држи најмногу 12 дена. Во основа на оваа диета е појадокот кој се состои само од банани и млака вода. Останатите оброци во денот треба да бидат здрави, лесни и регулирани, но нема посебни правила што и колку треба да се јаде.

За појадок се јадат една до четири банани, исклучиво со млака вода.

Според стручните лица, последниот оброк треба да го внесете четири часа пред легнување, треба да си легнете најдоцна на полноќ и да спиете барем осум часа.

За време на диетата, максимално ограничете го кафето, алкохолот и цигарите. Десертите се целосно забранети.

Поврзани вести