Skip to main content

Претставниците на ЕУ во САД ќе одат со уреди за еднократна употреба поради страв од шпионажа

Martin from Pixabay
Martin from Pixabay

Европската комисија одлучи на претставниците на мисијата во САД да им подели мобилни телефони и лаптопи за еднократна употреба за да се избегне ризикот од шпионажа, пишува „Фајненшл тајмс“ (ФТ), повикувајќи се на извори.

Комесарите и официјалните лица кои ќе присуствуваат на состаноците на ММФ и Светска банка следната недела во Вашингтон добија нови упатства слични на оние за мисиите на ЕУ во Украина и Кина, каде што не е дозволено користење на обични уреди за да се намали ризикот од руски и кинески надзор.

Овој потег на ЕК се случи по влошувањето на односите меѓу Европската Унија и САД, вклучително и воведувањето на американски тарифи, инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп Европа да ги зголеми трошоците за одбрана и неговите несогласувања со Украина, како и разговорите меѓу Вашингтон и Москва.

Поврзани вести