Skip to main content

Дивоградба со непријавени вработени и низа неправилности – затворен угостителски објект во Свети Николе

МИА архива

Во саботата од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе во соработка со претставници од ДПИ, ДТИ, ДСЗ, каки претставници на локални институции извршена е контрола на угостителски објект во Свети Николе сопственост на лицето А.К. при што биле констатирани низа неправилности: неисполнување минимално технички услови за работа, непријавени вработени, непоседување на проценка, план, правилник и елаборат за заштита од пожари, немање систем за детекција за дојава од пожари, немање план за евакуација, немање хидранти и доволен број на ПП апарати согласно и друго.

Констатирано било и дека објектот е дивоградба односно нема градежна дозвола и се наоѓа на земјоделско земјиште.

На сопственикот му е издадено решение за забрана користење на објектот.

Поврзани вести