Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 ноември, денеска е Св. великомаченица Екатерина.
Света Екатерина потекнуваше од царски род. Татко и умре наскоро по нејзиното раѓање, па така таа остана да живее со мајка си во Александрија. Беше одлично школувана и надарена со голема телесна убавина. Мајка и која беше потајно христијанка ја научи на верата во Христа. За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имаше 18 години беше изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата. Пострада во 310 година. Нејзините чудотворни мошти се пазат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име. Мошне е позната и почитувана и во Македонија, особено заради силните врски на македонската Црква со Синајскиот манастир.
Се верува дека секоја девојка што сака да ја запознае љубовта на својот живот или да има среќен брак, треба секоја вечер да ѝ се моли на Света Екатерина, во период од 40 дена, и нејзината желба ќе биде исполнета.
Старите верувале дека Екатерина е покровителка на бракот и невестите, како и помошник на трудниците. Затоа се верувало дека на овој ден трудниците не треба да работат, во спротивно породувањето ќе биде тешко.
Немажените девојки, пак, треба да соберат гранче од јаболко и да го стават под перницата, за да го сонат идниот свршеник. Но, гранчето не треба само да го фрлите наутро. Утрото гранчето треба да го закопате под старо дрво за идниот брак ќе биде силен и среќен.
Жените во брак денеска не треба да купуваат или да носат нови чевли, зошто според преданијата, може да се соочите со предавство од вашиот сопруг.