Skip to main content

Штипјанка излета од пат на автопатот Миладиновци-Штип

Вчера во 10.50 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопатот Миладиновци-Штип, кај клучката Север, патничко возило „шевролет“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(31) од Штип, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Т., констатирани во Клиничка болница Штип.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Поврзани вести