Денеска во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорките на Канада и Украина Мишел Камерон и Лариса Дир и високи воени претставници од Канада и Полска присуствуваа на Денот за високи гости и затворањето на вежбата „Maple Arch 24“ која се реализира во нашата држава од 25 ноември, во Центарот за симулации во Велес и на Армискиот полигон „Криволак“.
Ова е прва меѓународна вежба која е компјутерски асистирана, комбинирана со теренски активности кои се одвиваат истовремено во Центарот за симулации во Велес и на армискиот полигон „Криволак“, што е доказ дека македонската Армија нуди услови и можности за заокружување на целиот процес за извежбување согласно највисоките НАТО – стандарди. Заедно со сојузниците ја гарантираме безбедноста на Алијансата и ја развиваме интероперабилноста со нашите партнери!, објави министерот Мисајловски на социјалните мрежи.