
Јубилејното, 30. издание на Моден викенд Скопје, најголемиот настан во областа на модата во Македонија е одложен за 25 април и ќе трае до 27 април, соопштија од организацијата.
Сите сме длабоко потресени од трагедијата што ја погоди нашата земја, а нашите мисли и молитви се со сите погодени. Со длабока почит кон сите, ја донесовме одлуката да го одложиме FWSK за 25-27 април, соопштија од Моден викенд Скопје.
30. издание на Моден викенд Скопје требаше да се одржи од 4 до 6 април годинава.
Оваа сезона, под слоганот „Community Outfits“, ја славиме модата како уметност, културен израз и двигател на позитивни промени. FWSK отсекогаш бил повеќе од модна писта – тоа е сцена каде што индивидуалноста се слави, а заедницата ја дефинира иднината на модата, велат од Моден викенд Скопје.
За јубилејното издание организаторот најавува ексклузивни модни ревии – колекции од врвни македонски и меѓународни дизајнери, јавни дискусии за иднината на модата, етичката потрошувачка и социјалниот аспект на индустријата, специјални тематски настани инспиративни средби што ја поврзуваат модата со уметноста и одржливоста.