
Изет Меџити посочува дека земјава, за жал, во многу краток период се има соочено со слични случаи за кои потребно е да се изврши ревизија и да се сноси одговорност, бидејќи, како што рече, само така ќе се испрати порака до сите кои имаат надлежности да се однесуваат на ниво на задачата.
– Се работи за тешка трагедија, не знаеш што да кажеш во овие прилики. Ова нè обедини внатре не само како граѓани и политичари, туку и во региониот и пошироко. Сите жалат, тагуваат и речиси никој не можеше да поверува дека во еден миг заминаа многу млади животи. Но, тоа е мора да се продолжи и треба да се извлече поука од сето ова. Добро е што функционира правната држава, има одговорност. Во многу краток период, за жал, имавме вакви случаи за кои мислам дека треба да има ревизија и да се сноси одговорност, бидејќи само така ќе испратиме порака до сите кои што имаат надлежности да се однесуваат на ниво на задачата, бидејќи во моментот можеби изгледа нешто мало, но последиците се големи, рече Меџити.