Skip to main content

Концертот на Пеѓа Јовановиќ во СЦ „Јане Сандански“ поместен за 15 мај

Пеѓа Јовановиќ/Event Group Team

Организаторите на концертот на српската музичка ѕвезда Пеѓа Јовановиќ кој требаше да се одржи на 5-ти април годинава во СЦ Јане Сандански – Скопје, заради страшната трагедија во Кочани е одложен, односно неговиот датум на одржување е поместен.

Драги пријатели, Сите ние живееме во период и ситуација која не можеме лесно да ја надминеме. Трагедијата и болката се огромни и на сите ни треба повеќе време за да можеме да се навикнеме и да продолжиме понатаму… Заедно со Пеѓа Јовановиќ и неговиот менаџмент одлучивме дека треба да го поместиме одржувањето на концертот за четврток, 15 мај. Се’ друго останува исто како првично предвиденото и планираното. Купените влезници важат за новиот датум. Се надеваме на разбирање и однапред Ви благодариме на истото., соопштија од EVENT GROUP Team, организатори на настанот.

Поврзани вести