Skip to main content

Мустафа Имери е новиот директор на Македонската филхармонија

Фејсбук Филхармонија

Мустафа Имери (1981, Скопје) е новиот директор на Македонската филхармонија, што го назначи ресорниот  министер Зоран Љутков, на јавно распишан Конкурс. 

Според Конкурсот, директорот на Филхармонија треба да има најмалку пет години работно искуство во културата, да биде истакнат културен работник со докажани референци, да приложи четиригодишна развојна програма и да поседува меѓународен сертификат за англиски јазик (B2).

Според достапните информации, Имери бил професор-тенор и 15 години раководител на Катедрата на албански јазик во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“. Завршил на ФМУ во Скопје, и е дипломиран соло-пејач. Во јавноста е познат кога лани, во февруари, на прес-конференција обвини дека бил разрешен бидејќи објавил фотографија со лидерот на Демократско движење Изет Меџити.

Поврзани вести