Skip to main content

Земјотрес утрово во Албанија, почувствуван и во делови од Македонија

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 8.08 часот во Албанија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил на околу 35 километри од Елбасан.

Земјотресот бил почувствуван и во југозападните делови на земјава, во охридско-струшкиот регион.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Поврзани вести