Skip to main content

Макрон нема да си поднесе оставка

 Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва рече дека ќе остане на функцијата до крајот на неговиот мандат во 2027 година.

Во телевизиско обраќање вечерва, откако Националното собрание синоќа изгласа недоверба на владата назначена од шефот на државата, а предводена од премиерот Мишел Барние, Макрон ги обвини пратениците од Долниот дом на Парламентот кои изгласаа недоверба на Владата, дека мислат само за претседателските избори.

Францускиот претседател вети дека за неколку дена ќе назначи нов премиер.

„Приоритет за идниот премиер ќе биде донесувањето на буџетот за следната година во форма на посебен закон“, истакна Макрон.

Поврзани вести