Skip to main content

Грчките навивачи на Панатанаикос „летаа орли“ среде Белград

Навивачите на Панатинаикос, униформирани во зелени маици со името на нивната група (Порта 13), беа внесени во „Белградска арена“ пред таа да биде отворена за приврзаниците на Партизан.

Сместени на ниво 400 и „опкружени“ со припадници на полицијата, Грците почнаа да навиваат веднаш штом влегоа на трибините, а кога првите партизани ги зазедоа местата на другите трибини, почнаа и првите борби.

Некои од членовите на групата „Гејт 13“ го покажаа албанскиот орел во правец на црно-белите навивачи. Инаку, фан-базата на Панатинаикос е во братски односи со симпатизерите на Динамо Загреб, „Бед Блу Бојс“.

Поврзани вести