Легендарниот југословенски кошаркар Никола Плеќаш во последните децении се соочуваше со бројни проблеми во Хрватска поради неговото српско потекло.
Популарниот „Свети Никола“ освои седум медали на големите натпреварувања со репрезентацијата на Југославија. Првиот медал со репрезентацијата го освои во 1968 година на Олимписките игри во Мексико (сребро), а беше член и на генерацијата која стана светски шампион во Љубљана во 1970 година.
Тој со години не можеше да најде работа поради своето потекло.
На новинарско прашање дали е вистина дека има проблеми поради неговото српско потекло, Плеќаш отворено рече:
„Во 70-тите ме викаа „Свети Никола“, никому не му пречеше. Од 1990-тите не можам да најдам работа, 14 години сум невработен, што значи дека тоа некому му пречело.
Хрватски новинар побара од Плеќаш да ја коментира поканата на поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ да се пресели во Белград.
„Имам доста големо семејство и од моја страна и од страна на сопругата, а стравот дека тоа ќе влијае врз луѓето кои се во контакт со мене политички и физички е една од главните причини зошто не се согласив да се преселам во Белград и добивај пари двојно повеќе од тие што ги добивам денеска од нашето Министерство за спорт“, откри легендарниот ас.