Skip to main content

Вјоса Османи му додели на Бил Клинтон награда „миротворец на векот“: Kaко мала ги слушала неговите говори на радио

На годишнатата од НАТО бомбардирањето на Србија, претседателката на Косово Вјоса Османи на поранешниот претседател на САД Бил Клинтон му додели награда „Миротворец на векот“.

Таа го изгушка и му се заблагодари што Косово денеска е слободно и независно.

Foto FB Vjosa Osmani

Додека стоев пред него, се сетив на март 1999 година, кога  ги слушавме неговите говори на мало радио, додека ги доживувавме ужасите на режимот на Милошевиќ. Денес благодарение на ослободителната војна и благодарение на раководството на демократскиот свет и американската двопартиска поддршка, и од демократите и републиканците, Косово дише слободно и независноПоддршката на претседателот Клинтон за Косово отсекогаш била одраз на американските вредности – слободата, правдата и демократијата.Благодарам, Претседателе Клинтон, не само за потпишаните договори, туку најмногу за спасените животи. И особено, ви благодарам во име на сегашните деца на Косово – првата генерација која не расте во војна и која знае само за мир.

Поврзани вести