Skip to main content

Бугарско МЗ: Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Фото: МИА

Состојбата на 14-те повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна, соопшти бугарското Министерство за здравство на својата Фејсбук страница.

Осумте пациенти хоспитализирани во Универзитетската болница и медицинскиот центар Н.И.Пирогов се на механичка вентилација и остануваат на интензивна нега.

Според информациите од болницата во Варна, тројцата пациенти кои се кај нив се во тешка состојба, двајца се на механичка вентилација, а еден користи назална маска за третман со кислород.

Сериозна, но стабилна, е состојбата на пациентите во Универзитетската болница „Свети Георги“ во Пловдив. Нивното лекување продолжува на интензивна нега, се наведува во информацијата од Министерството за здравство на Бугарија.

Во Бугарија денеска е прогласен ден на жалост во спомен на жртвите во Кочани и солидарност со народот во С Македонија

Во повеќе бугарски градови се организирани крводарителски акции за настраданите во пожарот.

Поврзани вести