Skip to main content

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнале на лекување во Загреб

Две лица тешко повредени во пожарот во Кочани пристигнаа во Хрватска и се на лекување на Клиниката за трауматологија на болницата „Сестри на милосрдието“ во Загреб, соопшти денеска хрватската Влада.

Се очекува денеска и утре хеликоптер на хрватската армија да превезе уште четири повредени лица кои ќе бидат згрижени во хрватските болници.

Повикувајќи се на податоци од загрепската болница, хрватските медиуми јавуваат дека пациентите имаат изгореници и повреди при вдишување на респираторниот тракт, па им се обезбедени респиратори за механичка вентилација.

За место на лекување е избрана Клиниката за трауматологија бидејќи има Оддел за изгореници, посебно одделение за изгореници со посебна операциона сала и одделение за интензивна нега.

Поврзани вести