
Во две одделни сообраќајќи вчера се повредени двајца велосипедисти.
Прво околу 14.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, удрило во велосипед, управуван од А.А.(55) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во незгодата со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Во 16.30 часот во СВР Скопје Т.К.(34) од Скопје пријавил дека на бул. „Јане Сандански“ во Скопје, додека управувал велосипед, бил удрен од електричен тротинет, по што лицето кое го управувало тротинетот го напуштило местото на настанот. Т.К. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.