Skip to main content

Kрис Павловски донираше еден милион денари за семејствата и настраданите

Канаѓанецот од македонско потекло, Крис Павловски, кој е основач и извршен директор на платформата „Rumble“, како и член на Управниот одбор на Македонија2025, преку своите профили на социјалните мрежи сподели дека донирал еден милион денари како помош за настраданите во трагедијата што го потресе Кочани.

Срцето ми чука за сите семејства и пријатели на починатите во Македонија. 59 луѓе загинаа и повеќе од 100 се повредени во пожар, повеќето деца на возраст од 14 до 20 години. Лично донирав милион денари во Црвениот крст на Македонија за поддршка на семејствата и настраданите, напиша Павловски.

Поврзани вести