
Премиерот Мицкоски имаше разговор со генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Се разговарало за актуелната несреќа и за можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи.
Испратени се пораки за обединување и сила за справување со последиците од трагичниот настан. Во овие моменти остануваме обединети и одлучни во борбата против корупцијата, промена на системот и одговорност за причинителите на несреќата.