Skip to main content

Сочувство од српското МНР по трагедијата во Кочани

Српското Министерство за надворешни работи изрази сочувство до народот и властите во Република Макеоднија по пожарот во дискотека во Кочани.

Во име на Министерството за надворешни работи на Република Србија, како и од мое лично име, изразувам длабоко сочувство до народот и властите на Република Македонија за трагичниот пожар што синоќа се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани и однесе десетици животи. Во овие тешки моменти, Србија стои со својата братска Македонија, споделувајќи ја болката и тагата за оваа невидена трагедија.

Република Србија сè уште стои цврсто со своите браќа во Македонија и е подготвена да ја даде сета потребна поддршка и помош.

Нашите мисли се со семејствата на жртвите, на кои им изразуваме искрено сочувство и со повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување.

Споделувајќи ја тагата од овој неописливо страшен и потресен настан, верувам дека заедно ќе успееме да ја надминеме оваа трагедија, како што тоа го правевме во минатото, се наведува во соопштението од српското МНР потпишано од министерот Марко Ѓуриќ.

Поврзани вести