
На снимката од социјалните мрежи се гледа како неколку млади момчиња тепаат лице, кое лежи неподвижно на улица, а потоа доаѓа човек да му пружи помош.
Д-р Владимир Арсенијевиќ од Ургентниот центар изјави дека повредените на денешниот протест во Белград, „покрај повреди, главно имаат главоболки, вртоглавици, зашеметеност, несвестица, висок крвен притисок и алкохолна интоксикација“…
Имаше 23 повредени пациенти, ги згриживме. Тие се добро и без поголеми повреди се отпуштени на домашно лекување. Покрај повредите, главно имаа главоболки, вртоглавици, зашеметеност, несвестица, покачен притисок, интоксикација со алкохол и така натаму – вели д-р Арсенијевиќ.