Skip to main content

Има ли сили Силекс да стане шампион на Македонија?

Екипата на Силекс најмногу профитира по 24. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Кратово попладнево забележа победа на гостувањето во Струмица и ги искористи „киксовите“ на ривалите за највисоко пласман на првенствената табела.

Резултати на денешните пет натпревари во ПМФЛ:

Брера – Силекс 0:2
Беса – Струга 3:2
Шкупи – Пелистер 0:1
Тиквеш – Гостивар 2:1
Воска – Работнички 1:1.

Вчера Вардар – Шкендија 1:1.

Табела: Шкендија 50 бода, Силекс 48, Работнички 45, Гостивар 44, Струга 38, Шкупи 31, Пелистер 29, Вардар 22, Тиквеш 21, АП Брера 21, Беса 21, Воска 19 бода