Skip to main content

Коцевски: Институциите да влезат во Судски совет и да ги отворат фиоките

Интерпелациите на петте члена на Судскиот совет ќе придонесат за враќање на интегритетот и угледот на судството, рече синоќа пратеникот Зоран Коцевски во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“. Тој испакна дека започна декриминализацијата на целиот правосудниот систем, а почетокот се петте члена на Републичкиот судски совет.

Тоа се оние „истакнати“ правници кои беа избрани од СДСМ и од ДУИ. Значи, отпочнуваме една битка за правда во Република Македонија, бидејќи од Републичкиот судски совет почнува сè, почнува секоја правда и тука завршува сè – истакна Коцевски.

Потребно е членовите на Судскиот совет да си поднесат оставка и да одговараат за непрофесионалното работење во својата дејност, потенцира тој.

Ние тој чин мораше да го направиме, едноставно, како што кажав на почетокот, сè што е во наша моќ и надлежност законска, ние ќе ја направиме во Собранието на Република Македонија. Ги повикувам другите институции, да влезат во тој објект на Републичкиот судски совет и да отворат некои фиоки и мислам дека не само овие 5 члена кои ние ги изгласавме, туку и некои други членови на Републичкиот судски совет ќе си поднесат оставка. И не само што ќе си поднесат оставка, ќе одговараат за незаконското работење во Републичкиот судски совет – вели Коцевски.

Одговорност ќе има и во Обвинителството, додава Коцевски. Тој истакна дека повеќе нема да има недопирливи пред законот, дека тоа ќе остане во минатото, затоа што власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се бори против чуварите на криминалот во судството.

Отпочнува битка за правда во државата. Тие мислат дека се недопирливи, меѓутоа со новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да има недопирливи. Тоа се виде во изминатиот период. Можеби изгледа дека малку побавно се случуваат работите, меѓутоа и граѓаните можат да видат какви сè работи се случуваат. Овие примери што ги кажуваме со што се соочува Република Македонија и кој ја предводи таа судска власт, обвинителска власт и така натаму, не е едноставно, тие се измешани меѓу себе, се штитат едни со други, меѓутоа недопирливи нема да има, како што покажавме во изминатиот период – рече Коцевски.

Поврзани вести