
Дигитализацијата на услугите на локалната самоуправа како еден од клучните приоритети на Владата! Денеска на Управниот комитет на проектот „Зајакнување на општински совети“ кој го спроведуваме заедно со УНДП и со поддршка на Швајцарија, а во соработка со Министерството за дигитална трансформација, ги утврдивме активностите за следниот период – објави министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Тој додава:
Во ерата на брзата технолошка трансформација, дигитализацијата не е само избор, туку и неопходност за подобрување на квалитетот на услугите што ги нудат општините.
Затоа развивме „патоказ“ за целиот процес на дигитализација на услугите од почеток до крај односно до целосно дигитализирана услуга.
Суштината на целиот процес е да обезбедиме унифицирање на начинот на развивање и имплементација на дефинираните услуги.
Нашата цел е јасна – создавање на модерни, дигитализирани општини кои ќе бидат поефикасни, поуслужни и подостапни за секој граѓанин!