Skip to main content

Непозната супстанца пронајдена кај резервоарите за вода во Гази Баба

Од Јавното комунално претпријатие Гази Баба во СВР Скопје било пријавено дека од 22.00 часот на 08.03.2025 до 07.00 часот на 10.03.2025 во Булачани, населението и вработените забележале дека водата има променета боја и миризба.

По извршени проверки од Јавното комунално претпријатие Гази Баба, било констатирано дека во водоводниот систем во делот после изворот и пред резервоарите за вода била вметната непозната супстанца.

Од СВР Скопје велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести