
Денес, со почеток во 19:00 часот, во Уметничката галерија АМАМ во Гевгелија, ќе биде отворена изложбата на истакнатиот македонски керамичар Филип Фидановски, насловена како „Модерна традиција”.
Изложбата „Модерна традиција” претставува спој на традиционалната грнчарија, која е автентична за македонската традиција, и нејзиното трансформирање во модерен визуелен стил со авторски пристап на уметникот.
Вниманието е насочено кон зачувувањето на традиционалниот грнчарски занает, кој е во ризик од исчезнување, и ја илустрира умешноста на авторот преку неговото сликарство во керамиката, кое се смета за една посебна и уникатна дисциплина во керамичката уметност. Изложбата се реализира во рамките на Гевгелија – Град на културата за 2025 година.
Гостин на изложбата: Марјана Костојчиноска Узунчева