
Вчера во Битола по кратко боледување на 95 години почина Томислав Јурак, поранешен фудбалер на Пелистер, кој беше највозрасниот жив фудбалер во Битола и во Македонија.
Јурак во 1956 или 1958 година се приклучува на фудбалскиот клуб Работник кога се враќа од Белград. Јурак беше напаѓач и стрелец на одлучувачки голови, а најубавиот гол го постигна во Битола, под Тумбекафе, кога со “макази“ ја погоди противничката мрежа, што тогаш беше вистиска реткост и атракција. Јурак во повеќе наврати бил и со стручните штабови како искусен фудбалер.
Јурак со своите настапи оставаше силен впечаток кај соиграчите и публиката и има голем придонес во развој на фудбалот во Битола како фудбалер, а подоцна и како спортски работник.
Целиот работен век го помина за Сизот за домување во Битола.
Погребот ќе се одржи во 14 часот во Буковските гробишта е телото ќе биде изложено од 12 часот во црквата “Св. Димитрија“ во Битола.
Извор: Битола Њуз