
Во тек се велигденските пости, па овој домашен бурек е убав предлог за ручек, но толку е вкусен што сигурно ќе го приготвувате и кога постите ќе завршат.
Потребно:
500 грама готови кори за пита
3 големи парчиња на млад кромид
400 гр печурки
100 гр соја трошки
400 мл. минерална вода
150 мл. масло
Подготовка:
Во тава издинстајте ги младиот кромид, соја трошките и печурките. Додадете зачини и филот е готов. Потоа направете течност за натопување на кората со мешање на минерална вода и масло. Со оваа течност натопете ги корите, потоа наредете ги и печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу половина час.