
Измамници се преправале дека се полицајци на паркинг и во супермакет, па им барале документи на туристите. Тие потоа ги обвинуија посетителите за прекршоци со дрога, и барале да платат казна. Туристите на лажните полицајци им покажале поголема сума на пари, која измамниците ја грабнале и побегнале.
Но, туристите не сакале да го прифатат тоа, и скокнале во автомобилот и со голема брина тргнале по лажните полицајци.
Вкупно 14 возила биле оштетени во потерата низ улиците на главниот град на Германија.
Туристите на крајот удриле во автомобило со кој избегале измамниците, и предизвикале нов судир. Туристите на крајот го истуркале автомобилот од патот, по што настанала физичка пресметка меѓу жртвите и лажнте полицајци, а потоа пристингале вистински полицајци.
На туристите им била укажана лекарска помош, а двата автомобили биле запленети.