
Танкер со нафта и товарен брод утрово се судрија во Северното Море, при што танкерот избувна во пламен.
Несреќата се случила во близина на брегот на Источен Јоркшир, а крајбрежната стража веднаш започна голема спасувачка акција со чамци и еден хеликоптер. Покрај нив, на местото на сударот биле испратени и авион на крајбрежната стража и блиски бродови.
Крајбрежната стража соопшти дека „инцидентот се уште трае“.
Според информациите кои ги објави Би-Би-Си, танкерот е во пламен. Противпожарните екипи на море работат на локализирање на пожарот, додека спасувачите ја координираат операцијата на лице место.
Засега нема информации за жртви или можно загадување на морето.