
Македонскиот репрезентативец во кик-бокс, Милан Кубин, кој беше член на клубот „Гладијатор“ од Скопје, вчера ненадејно почина.
Кубин е освојувач на повеќе признанија и медали на домашни и интернационални натпревари, меѓукои сребрениот медал на кик бокс Европското првенство во Лутраки, Грција пред осум години.
Беше прогласен за најдобар спортист на Град Скопје во 2016 година.
Причините за смртта не се познати, неофицијално загинал во несреќен случај. Негови колеги и фанови се простуваат од него на социјалните мрежи.