
Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила синоќа околу полноќ на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Во директен судир со комбе на Брза помош од приватна болница, две лица биле полесно повредени.
Повредените се пренесени во Ургентниот центар за понатамошен третман и опсервација.