
Американскиот претседател Доналд Трамп упати последно предупредување до палестинската исламистичка група Хамас доколку не ги ослободи израелските заложници што ги држи во заробеништво во Газа.
Во пораката објавена на неговата социјална мрежа „Truth Social“ вчера, Трамп побара од милитантите на Хамас веднаш да ги ослободат сите заложници кои се држат во Газа, нарекувајќи го „последно предупредување“, повикувајќи го раководството на Хамас да ја напушти палестинската енклава.
Ова е вашето последно предупредување… Сега е време да ја напуштите Газа, додека се уште имате шанса. Исто така, до жителите на Газа: Ве очекува светла иднина, но не ако држите заложници. Ако го направите тоа, вие сте мртви, рече американскиот претседател. „Само болни и изопачени луѓе чуваат тела, а вие сте болни и изопачени – додаде тој.
Трамп предупреди дека ќе му испрати на Израел „се што е потребно за да ја заврши работата“.
Испраќам на Израел сè што му е потребно за да ја заврши работата, ниту еден член на Хамас нема да биде безбеден доколку не го направите она што јас го велам – се закани американскиот претседател.