
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе размисли за продолжување на помошта за Украина доколку се постигне договор за мировни преговори и се преземат чекори за обнова на довербата, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц.
Трамп во понеделникот ја прекина помошта за Украина, а во вторникот рече дека добил писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое изразува подготвеност да седне на преговарачка маса.
Волц рече дека писмото е „добар, позитивен прв чекор“.
„Официјалните лица разговараа за датумот, локацијата и преговарачките тимови кои треба да доведат до крај на војната“, додаде тој.
„Веќе преземаме чекори за повторно да ја изградиме довербата што ќе им ја пренесеме на Русите и ќе ја тестираме нивната страна“, рече Валц во интервју за телевизијата Фокс.
Тој не прецизираше за какви чекори станува збор.
„Мораме да се погрижиме двете страни искрено да сакаат да преговараат, прво за делумен, а потоа за постојан мир“, нагласи тој.