Skip to main content

Леброн на 40 години игра подобро од кога беше двојно помлад

 Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс бележи извонредни изданија во 2025 година.

Откако наполни 40 години, Леброн Џејмс има просек од 26,5 поени, 8,3 скока и 8,1 асистенции. Овие статистички показатели ги надминуваат оние што ги прикажа во сезоната 2012/13, која се смета за најдобра во неговата кариера.

Според аналитичарите на НБА-лигата, оваа статистичка аномалија се должи на фактот што лигата бележи значително зголемување на темпото на игра и ефикасноста во последните десет години.

Колку за споредба, во сезоната 2012/13, најефикасен тим беше Денвер, кој постигнуваше 106 поени по натпревар, додека досега во сезоната 2024/25, Мемфис постигнува 123 поени по натпревар

Поврзани вести