
Стотина украински војници агинале и се ранети кога руска ракета погодила воен полигон во Украина, на повеќе од 100 километри од линијата на фронтот, соопштија украински воени претставници.
Нападот во саботата ги погоди припадниците на единиците на воениот полигон во областа Дњепропетровск. Како резултат на нападот на балистичка ракета „Искандер-М“ со фрагментирана муниција, има мртви и повредени“, изјави главниот командант на украинските сили, Олександр Сирски.
Официјални податоци за бројот на жртви не се објавени.