
Македонските таеквондисти Милијана Рељиќ и Дејан Георгиевски освоија бронзени медали на Г-1 Опен турнирот одржан викендот во Софија, Бугарија.
Рељиќ во категоријата – 62 килограми, беше подобра од Ингрид Искандар Поетри од Сингаупр и Казахстанката Аиша Аделбикизи, додека во полуфиналето загуби од Русинката Анастасија Банкова.
Георгиевски во категоријата +87 кг го совлада Горјан Бадаровски па во полуфиналето загуби од Русинот Владислав Ларин.
Двајцата македонски репрезентативци освоија и нови бодови во обидот да оставрат норма за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028