
Градоначалникот на Тетово Билал Касами имаше средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Забележително беше што на средбата го имаше и македонското знаме покрај останатите.
Првиот човек на Тетово ретко го истакнува државното знаме на официјалните средби.

Имав задоволство да ги пречекам министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и началникот на СВР Тетово, Ријат Али. Разговаравме за безбедноста во градот, за расчистување на јавните површини, за расчистување на булеварите и улиците. Се договоривме дека согласно ингеренциите што ги имаме како локална и централна власт, ќе ги преземеме сите неопходни мерки за воведување ред и безбедност во градот. Разговаравме и за измени на Законот за безбедност во сообраќајот. Министерот рече дека по Скопје, Тетово ќе биде вториот град во кој ќе се реализира проектот „Безбеден град“, што директно ќе влијае на намалување на бројот на жртви во сообраќајот и зголемување на безбедноста на патиштата!, напиша Касами по средбата.