
Започнуваме со вториот циклус на мултимедијалниот настан „Клинци“ во чии рамки претставуваме четворица млади книжевници и една млада визуелна уметница, соопштија организаторите.
Шесттото издание ќе се одржи во Еurope House во Скопје, на 28. февруари (петок) со почеток во 20:00.
Овојпат на „Клинци“ ни читаат:
Филипа Сара Попова
Никола Наумовски
Бисера Стефановска
Емануела Ковачевска КитановскаИзложба ќе има фотографката Емилија Трајковска
Модератор на настанот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски
Некои луѓе ќе викнат, ќе крикнат: „Младите денес ништо не прават“, „Млади бездарници“ или, пак, „Денес младите се тапа“. Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, ги започнавме книжевните читања наречени „Клинци“. Секое издание ве запознаваме со четворица автори и авторки кои се дел од младинската книжевна сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба!
Ве очекуваме сите млади, но и повозрасни, клинци и неклинци – повелете!