Skip to main content

МНР отповика неколку македонски амбасадори

Со одлука на Министерството за надворешни работи, вчера се отповикани неколку македонски амбасадори.

Станува збор за:

  1. Мето Белески, Брисел, Кралство Белгија
  2. Катерина Ставревска, Лондон, Велика Британија
  3. Зеќир Рамчиловиќ, Подгорица, Црна Гора
  4. Пајо Авировиќ, ОБСЕ
  5. Емил Крстевски, Прага, Чешка
  6. Јакуп Реџепи, Сараево, Босна и Херцеговина
  7. Агнеза Руси, Софија, Бугарија
  8. Џенк Сејфула, Стокхолм, Кралство Шведска
  9. Андреј Жерновски, Букурешт, Романија

Како причина за нивното отповикување е неисполнување на членот 39 од Законот за надворешни работи, поточно бидејќи не ги претставиле дипломатските тези пред Комисијата за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени амбасадори.

Поврзани вести