
„Упатиме искрено извинување до медиумите и до јавноста, за последното соопштение во коешто се споменува Викторија Трајков. Поради ненамерна грешка, беше споделена стара содржина која не е релевантна за тековните случувања“, велат од СДСМ.
-Нашата намера никогаш не е да создадеме погрешна слика за актуелните состојби. Веднаш по согледувањето на пропустот ви го испраќаме ова извинување. Ви благодариме на разбирањето и ве уверуваме дека транспарентната и точна комуникација останува наш приоритет, посочија од СДСМ.
Трајков претходно испрати демант:
Би сакала НАЈОСТРО ДА ГИ ДЕМАНТИРАМ небулозните лаги кои се изнесени во ова соопштение на анти-македонската СДС.
Ова очајно друштво на некакви политички претенденти, веќе подолго време покажувајќи го својот очај и некреативност се занимава со некреативни очајни монтажи со моето име во недостиг на идеја и програма што може да ја понудат пред граѓаните.
Очекувам повеќе од СДС на некоја нивна чајанка да поработат на креативноста но и на понудата пред граѓаните за локалните избори кои следуваат како и на својот рејтинг кој ги руши сопствените рекорди и доживува историски дебакл од околу 6%, истакна Трајков.