
Ллидерите на коалицијата Вреди кои наголемо се спремаат за локалните избори, иако до нив има уште осум месеци. За избори, на партиите на Албанците најважни им се вработувањата, тоа се сигурни гласови.
Та ДУИ, та Влен, устата им е полна кога ветуваат дека ќе вработат Албанци, и тоа се разбира во јавната администрација. Да не мислевте ќе ги вработат во некоја приватна фирма каде се бара знаење. На државно ,да бидеш Албанец е професија. Тоа е доволно да те примат, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“
Еве вицепремиерот Изет Меџити најави дека ќе се вработат илјадници Албанци, повеќе од тоа што вработиле ДУИ. Ви велам jaс дека тие се натпреваруваат со ДУИ, т.е сакаат да бидат исти како нив.
За едни вработувања , лидерите на Вреди заборавија и на химна и на грб. Пара си е пара, Химната и онака не ја пејат, грбот не ни знаат каков е. Меџити со пола уста изјави дека химната и грбот нема да се менуваат но оти немало табу теми. За нив само вработувањата се важна тема, за другото се дил ориентед.

Како ќе се наближуваат локалните избори така Изет Меџити и Билал Касами ќе се додворуваат кон ВМРО-ДПМНЕ и ќе предат како мачиња. Тие добро знаат дека без гласовите на нивниот коалициски партнер тешко дека Тетово и Гостивар ќе бидат под нивно владение.
Оние од ДУИ, какви такви се уште имаат приврзаници и лесно може да си ги повратат овие бастиони на Албанците, сосе Кичево и Струга. Затоа на Вреди ќе им биде подобро да намалат со национализмот.
Касами еве може уште некоја слика да стави од Голема Албанија и УЧК во неговиот кабинет. Да резимираме, за Вреди вредат само вработувањата на Албанци, се разбира на државно.
Ништо поарни не се ни во СДСМ. Еве на Бихачка ќе бираат нов претседател. Венко ќе се бори против Филипче. Се очекува неизвесна трка, победникот нема да биде познат до броењето на последното ливче.

Како што е неспособен, докторот може да изгуби и од самиот себе. А и да победи, мандатот ќе му трае до локалните избори на кои ќе доживеат дебакл. После шеикот од Дубаи ќе каже кој ќе седне на престолот. Заменичката на Филипче уште вели дека не е исклучена коалиција со ДУИ за локалните избори. Не им иде паметот.
Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон одржа историски говор од кој секој Македонец може да се чуствува горд.
На совршен англиски го потсети светот за неправдите кои досега ни ги имаат направено и за оние кои доправа сакаат да ни ги направат. Ја спомена промената на името, знамето, уставот, и оти она што ни го прават некои наши соседи се вика мешање во внатрешните работи.
А се сеќавате на овој полиглот
Koрисниците на парите од УСАИД уште не можат да се опорават од шокот дека им ги секнаа доларите. Минатата епизода реков дека тие лесно ќе најдат нов спонзор и оти ЕУ чека на нив, се наведува во колумната.

Па еве ги, 60 невладини организации бараат сега да ги финасира Европската унија кога не сака Америка и оти приоритет требало да бидат правата на ЛГБТ заедницата. Господе боже.
Заменик директорот на ФБИ Ден Бонџино ги разголи шарените за сите пари. Се сеќавате на оваа девојка која се шминкаше на штитот на полицаецот за време на протестите 2017 година. Епа таа девојка се шминкала за убава пара од УСАИД и Сорос. Ништо нема за џабе, па ни убавина.
Во состојба на очај, европските лидери најавуваат европски вооружени сили. Ако за членство во НАТО требаше да го смениме името, за да почнеме преговори со ЕУ треба да ги внесеме Бугарите во Устав, за да влеземе во европската војска што ќе треба да дадеме. Веќе и немаме што да даваме, оние од СДСМ веќе дадоа се што беше вредно.
И на оваа ЕУ треба да и попуштиме.
Дека Европа веќе нема да биде иста покажаа и изборите во Германија……. Очекувано победи ЦДУ, АФД се доближува а најголем губитник е германскиот СДСМ на чело со Олаф Шолц. Кармата е страшна работа. Човекот кој јавно го поддржа Ковачевски обвинува дека му се мешаат од страна во изборите.
Војната во Украина ќе заврши и побрзо од што мислевме. Трамп е решен да донесе мир. За таа цел ќе го тргне секој што му стои на патот.
Прв за тоа е претседателот на Украина Зеленски, иако тој и не може да се нарече претседател бидејќи мандатот му е истечен повеќе од една година а нивното Собрание одби да му го продолжи. Затоа и не може да биде на масата за преговори.

И место да слуша што ќе му кажат тој уште се кара и се ценка . Не сакал да ги даде минералите на Америка оти тие дале сто милјарди долари во оружје а минерапите вределе 500 милјарди. Илон Маск пак му се закани дека ќе му го исече интернерот. Тоа повеќе ќе го заболи .
Веќе се насетува каков ќе биде исходот од војната во Украина. За Русија ќе останат освоените териториии, за Америка минералите, а славата за Украина. На ЕУ ќе и остане да ја плати сметката на крајот. Секому по заслугите.