Skip to main content

Перински од Неготино: Почнааа градежни активности на два од трите проекти со кои општината аплицираше на првиот јавен повик

Министерот за локална самоупрата Златко Перински заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Општина Неготино, во рамки на „Каде што срцето е дома“, означија почеток на реализација на два проекта од првиот јавен повик за финансиска поддршка на инфраструктурни општински проекти со средства од државниот буџет.

Денеска сме во посета на Општина Неготино како дел од иницијативата „Каде што срцето е дома“, со која ја потврдуваме нашата посветеност за соработка и поддршка на сите локални заедници и нивниот развој, во интерес на граѓаните. Ми претставува огромно задоволство што проектите кои ги реализираме од првиот јавен повик веќе го гледаат светлото на денот. Денеска отпочнати се градежни активности на два од трите проекти со коишто Општина Неготино аплицираше на првиот јавен повик. Би сакал да се заблагодарам на проактивноста на градоначалникот и се надевам дека со истото темпо ќе продолжи да аплицира за проекти коишто се од интерес на граѓаните и на вториот јавен повик којшто е во тек. Ова е доказ дека за оваа Влада предводена од премиерот Мицкоски, не постојат заборавени места. Рамномерниот развој за нас е императив, затоа што со него гарантираме економска и социјална стабилност на земјата и секако со тоа го зголемуваме квалитетот на живот на сите граѓани, изјави Перински.

Поврзани вести