
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје се сретна со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски. Средбата се одржа во пресрет на новите предизвици поврзани со усогласувањето на националното законодавство со европските енергетски стандарди, понатамошната интеграција на македонскиот енергетски пазар во регионалниот и европскиот пазар и следните чекори во реформите на енергетскиот сектор
Министерката Божиновска ја истакна посветеноста на земјата во усогласувањето на националните енергетски политики со европските стандарди.
Јасни правила и предвидливост – тоа е клучно за стабилен и конкурентен енергетски сектор. Работиме на законски решенија што ќе обезбедат сигурност за инвеститорите, ќе го забрзаат процесот на енергетска транзиција и ќе гарантираат одржлив развој, истакна министерката Божиновска.
Министерката Божиновска нагласи дека реформите во енергетскиот сектор се еден од врвните приоритети на Министерството, Во тој контекст, информираше дека Предлог-законот за енергетика беше поставен на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР), овозможувајќи јавна консултација за неговото финализирање. Директорот Лорковски изрази задоволство за транспарентноста на процесот
На средбата беше потенцирана важноста на забрзаната имплементација на интеграцискиот пакет за електрична енергија, што ќе овозможи подобра предвидливост на пазарот, оптимизација на прекуграничните капацитети за пренос и стабилизирање на цените.
Директорот Лорковски ја потврди посветеноста на Енергетската заедница во поддршката на реформските процеси во земјата, нагласувајќи дека усогласувањето на регулативите со ЕУ директивите е клучно за побрза интеграција на македонскиот енергетски пазар во пошироките регионални и европски текови.
Министерството за енергетика останува посветено на реформите што ќе донесат стабилност, развој и конкурентност во македонскиот енергетски сектор.