Skip to main content

Фон дер Лајен пред заминување го почести Зеленски уште три милијарди евра

Европа е тука да ја зајакне Украина во овој критичен момент и веќе во март ЕУ на земјата ќе и исплати дополнителни 3,5 милијарди евра помош, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на Меѓународниот самит за поддршка на Украина, што се одржува во Киев. 

– Ќе презентирам и сеопфатен план за тоа како да ги зголемиме нашето европско производство на оружје и нашите одбранбени способности. И Украина, исто така, ќе има корист од тоа, нагласи Фон дер Лајен, најавувајќи дека главен приоритет на ЕУ во наредните недели ќе биде да се забрза итната испорака на оружје и муниција за земјата. 

Како што јави известувачот на Европската новинска редакција (ЕНР), од која дел е и МИА, во говорот на Самитот што се одржува на третата годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, Фон дер Лајен оцени дека никој не сака мир повеќе од народот на Украина, но дека до праведен и траен мир се доаѓа само преку сила. 

– Затоа ја зајакнуваме вашата економија. Тоа е причината зошто ја зголемуваме прилагодливоста на вашето снабдување со енергија. Затоа ќе продолжиме со обука и опремување на вашите војници, рече Фон дер Лајен. 

Поврзани вести