Skip to main content
Ќе има ли наскоро украински избори?

Централната изборна комисија на Украина ги ажурира податоците за избирачките места низ целата земја

Украина се подготвува за избори. Украинската Централна изборна комисија ги ажурира податоците за избирачките места низ целата земја

Конечниот извештај треба да биде готов до 5 март, пишуваат украинските медиуми, повикувајќи се на соодветната резолуција на Централната изборна комисија. Печатниците, наводно, веќе во полн ек се подготвуваат за печатење гласачки ливчиња.

Прашаето околу одржуваето избори во Украина стана актуелно по доаѓаето на власт на американскиот претседател Доналд Трамп. Во последно време Трамп не само што навестува, туку буквално го турка украинскиот претседател Володимир Зеленски до ѕид, барајќи избори. Американскиот претседател пред некој ден дури и го нарече Зеленски диктатор, кој седи на власт без да организира избори.

на таквите прозивки од Трамп, Зеленски неодамна изјави дека има намера да остане во својата фотелја додека Украина не влезе во ЕУ или НАТО. Сепак, активностите на Централната изборна комисија се чини дека сугерираат оти плановите на Зеленски може драстично да се променат.

Поврзани вести